Skip to main content

Кражба во луксузна вила

Ограбен домот на Викторија и Дејвид Бекам

За време на грабежот во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон, украдени се предмети вредни илијадници фунти – објавија британските медиуми.
 |  инфодеск  | 
Викторија и Дејвид Бекам

Предмети во вредност од илјадници фунти се украдени во упад во луксузниот дом на Викторија и Дејвид Бекам во западен Лондон, објавија британските медиуми.

Викторија и Дејвид Бекам

Се верува дека кражбата во Кенсингтон се случила доцна навечер кон крајот на февруари додека Бекамови биле во неа со нивната 10-годишна ќерка. Веста е објавена денеска.

Според „Сан“, кражбата била откриена кога синот на познатата двојка, Круз Бекам (17) се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбената соба.

Лондонската полиција ги потврди наводите за кражбата.