Skip to main content

Охрид танцува 20 години со студио Соната

Дваесет години студио Соната Охрид. Тоа е единствената школа во градот за модерни танци, современ балет и хип хоп. Танцот е еден вид дисциплина која има позитивни ефекти врз физичкото и менталното здравје.
 |  инфодеск  | 

Дваесет години Охрид танцува. Градот ја има првата танцова школа во земјава со сопствен печат, формирана од покојниот Коле Петкуќевски. Студитото за танц Соната како дирекни наследници постојат цели две децении. Тие се единствената школа во градот за модерни танци, современ балет и хип хоп. Танцот е еден вид дисциплина која има позитивни ефекти врз физичкото и менталното здравје.

-Танцот е еден од најубавите, сакате да го сфатите како спорт едни велат овој светски ден на танцот се прославува во правец на популаризирање на танцот како дисциплина всушност го прославува начинот на живот и претставува своевиден уметнички елемент. Движење на телото кое во секоја смисла прави само добро на телото, влијае позитивно за коските и мускулите. Она што секојдневно го имаме како проблем кај децата искривувањата ако има соодветен ментор сето тоа може да стане минато. Освен на физичкото влијае и на психичкото здравје особено кај младите затоа што е одличен начин за комуникација, помегу нив се создава една емпатија преку танцот. Одличен начин за дружење помегу било кој, вели Даниел Наумовски од танцов клуб Соната.

Танчерите, покрај годишниот концерт во јуни, годинава подготвуваат и еден мултимедијален танцов проект.

-Некаде на почетокот на првата половина на јуни имаме годишен концерт кога настапуваме за да покажеме што сме работеле во текот на целата година во принцип учествуваме на голем број натпревари во текот на годината. Годинава подготвуваме концерт, мултимедијален спектакл, кој се вика „Кукли, маски и други грди скаски“. Станува збор за проект на девет млади луѓе кои што сакаат да ја раскажат нивната секојдневна  приказна за сите тие проблеми кои ги имаат поврзани со менталното здравје , додава Наумовски.

Соната брои 80 членови на возраст од пет до 18 години, и една група на возрасни. Голем број талентирани членови ги освојуваат првите места на натпревари ширум светот.

Новинар Соња Рилковска