Охрид заслужува ултра модерен теaтар
Охрид заслужува ултра модерен тетар, сместен во современа, сопствена зграда, теaтар како посебна правна единица независно од центарот за култура, вели првиот човек на центарот Стрезо Стаматоски.
На охриѓани нема да им недостасуваат културни настани оваа есен. По гостувањето на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, со претставата „Аналфабет“, Охридскиот народен театар во сабота ќе ја изведе и пред домашната публика, за напоредно, целиот актерски ансамбл на Охридскиот народен театар да работи на претставата „Бал“ работена по текст на Бертхолд Брехт, во режија на Андреј Цветаноски. Стрезо Стаматоски – в.д. Директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, покрај ова најави уште и гостување на тетарот „Бабец“ од Битола, со детската претстава „Јованче и Марика“, како и моменталната хит претстава во земјава „Не се клади на енглези“ со Сашко Коцев во главната улога. Но, инфраструктурните проблеми со кои се соочува тетарот во иднина мора да се надминат.
„Мечтата на секој актер е да работи во една современа зграда. Според мене охирд заслучжива една современа зграда, еден театар, заслужува посебна единица театар, иднината би требало да биде одвојување на театарот од центарот за култура, во сопствена ултрамодерна зграда, што во иднина би му служела и на „Охридско лето“ еден од најреномираните фестивали во Македонија кој влечи уметници од целиот свет“ кажа Стрезо Стаматоски – в.д. Директор НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
За крајот на месец октомври речиси сигурно е и гостувањето на Битолскиот народен театар со претставата „Хелверова ноќ“, најави Стаматоски.Веќе подолг временски период во Охрид, не функционира ни киното, но директорот е оптимист дека повторно ќе заживее. Toj најави дека во тек се и преговороите за повторно гостување на „3Д Киното“, во нашиов град, преку кое еден период охриѓани имаа можност да уживаат во светските филмски премиери.
„Со Киното имаме некои технички проблеми кои во чекор ги решаваме. Можам да го најавам дека од 07.10 Фестивалот на германски филм кој што би требало да трае неколку дена, но повторно ќе кажам, имаме некои технички проблеми кои во меѓувреме треба да се решат и тука секако се и финансиски проблеми, но оптимист сум и сметам дека ќе се реши тоа во иднина“ кажа Стрезо Стаматоски – в.д. Директор НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Од почетокот на наредниот месец треба да почне повторно да функционира и КУД „Бисери“, кое неколку години стагнираше, со Тања Тренеска како уметнички раководител, а ќе продолжи да функционира и градскиот хор. Ова се само мал дел од настаните кои треба да се случуваат во центарот за култура оваа есен. Инаку Министерството за култура во јули месец го назначи актерот Стрезо Стаматовски за вршител на должноста директор во оваа установа.