Охрид уште еднаш покажа дека знае љубов што е
Со синоќешниот концерт „Охрид знае љубов што е – омаж за Григор Копров“ Охрид уште еднаш докажа дека живее преку музиката.
Охридскиот камерен оркестар приреди вечер за паметење со хуманитарниот концерт „Охрид знае љубов што е – омаж за Григор Копров“ во НУЦК „Григор Прличев“, во организација на Здружението за култура и Ѓоко Алоски, со поддршка на Општина Охрид.

Настапите на солистите и оркестарот донесоа силна уметничка енергија потврдувајќи го високото ниво на музичката сцена во Охрид.

Концертот беше и со хуманитарен карактер и присутните со своето учество дадоа поддршка за малата Ева покажувајќи дека уметноста има моќ да обединува и да помага.
