Skip to main content

Промоција на „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис утре во Прличевата одаја

Станува збор за македонско-англиско печатено издание кое го замислува Охрид во далечна иднина, преку научно-фантастични раскази инспирирани од охридските преданија, културното наследство, езерото, старите локалитети, соживотот, традициите и современите технологии.
 |  инфодеск  | 

Во Прличевата одаја на Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, утре од 11:00 часот ќе биде промовирана книгата „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис.

Станува збор за македонско-англиско печатено издание кое го замислува Охрид во далечна иднина, преку научно-фантастични раскази инспирирани од охридските преданија, културното наследство, езерото, старите локалитети, соживотот, традициите и современите технологии.

– Книгата ги поврзува македонскиот јазик, охридската културна меморија и локалните легенди со мотиви од вештачка интелигенција, роботика, холографија и футуристички визии за иднината на човештвото. Таа претставува креативен обид Охрид да се прикаже не само како град на минатото, туку и како град што има своја уникатна иднина, град што памети, сонува и создава нови преданија, велат организаторите.

Додаваат дека изданието е замислено и како културен сувенир, промотивен материјал и книжевен мост меѓу Охрид и меѓународната публика, преку паралелно раскажување на македонски и англиски јазик.