Охридскиот детски хор „Бамбино“ организира аудиции за дечиња од 6 до 14 години
Во рамките на проектот Културата расте со децата „За сите деца“, продолжува со работа Охридскиот детски хор „Бамбино“.
Охридскиот детски хор „Бамбино“ за сите деца кои поседуваат исклучителен талент за пеење, чиста интонација и се на возраст од 6 до 14 години, секоја среда во просториите на Младински културен центар – Охрид ќе организираат аудиции за пеење, а дечињата треба да имаат подготвено една едноставна песничка.
–Со пеењето во хор, Вашето дете развива музички слух, чиста интонација, тимска работа, поголема самодоверба и чувство на припадност, порачуваат од „Бамбино“.
Аудициите ќе се одржуваат секоја среда, во период од 19.00 до 21.00 часот, а сите заинтересирани може да се пријават на телефонскиот број 076/499-588.
Инаку, детскиот хор „Бамбино“ за прв пат започна со работа во 2022 година.