Гола месечина
Охридскиот театар гостува на фестивал на комедија
Со претставата „Енергични луѓе“, Охридскиот театар денес гостува на Меѓународниот фестивал на комедија „Гола месечина“.
Охридскиот театар кој работи во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев” Охрид, денес гостува на 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина” со претставата „Енергични луѓе” во режија на Александар Иваноски.
Фестивалот е во организација на Театар комедија од Скопје и трае од 25-ти до 30-ти јуни. Охридскиот театар всушност го затвора Фестивалот на комедија каде учествуваат уште 3 други театри од Македонија и 2 театри од соседството Бугарија и Србија.
Оттаму информираат дека Охридскиот театар е во подготовка на својата најнова премиера која својата прва изведба ќе ја има за скоро време.