57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински”
Охридскиот театар со „Несфатената цивилизација” на фестивалот „Војдан Чернодрински”
Фестивалот се одигрува под мотото „Враќање дома” и на него учествуваат македонските национални театараски ансамбли во натпреварувачка конкуренција во повеќе категории.
На овогодинашното 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп во официјалната програма учествува и Охридскиот театар со претствата „Несфатената цивилизација” од авторот Добри Војников, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Претставата ќе се одигра на сцената на театарот „Војдан Чернодрински” во Прилеп на 15.06 2023 г. (четврток) со почеток во 21.30 минути. Фестивалот се одигрува под мотото „Враќање дома” и на него учествуваат македонските национални театараски ансамбли во натпреварувачка конкуренција во повеќе категории.