Skip to main content

Музика

Охридските убавини во новиот спот на Даниел Јовески

Овој аудио-визуелен перформанс очекувано побуди голем интерес и илјадници прегледи на социјалните мрежи.
 |  инфодеск  | 
Тврдина

Балкан бенд го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“.

За аранжманот на ова музичко парче се погрижи Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот охриѓанец Даниел Јовески.

„Овој финален производ го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, велат членовите од Балкан бенд.

Овој аудио-визуелен перформанс очекувано побуди голем интерес и илјадници прегледи.

Ви го споделуваме во продолжение.