„Охридско лето“ доби нов директор
Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и заврши четиригодишниот мандат.
Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и заврши четиригодишниот мандат.
Во периодот од 2007 до 2010 година, Арсовски беше директор на Македонската опера и балет, а во два наврати, во 2014-та и 2015-та година беше уметнички директор на познатиот фестивал на забавна музика „Макфест“.
Сите вљубеници во културата, годинава во периодот од 12-ти јули до 20-ти август ќе ја проследат програмата на 56-то издание на престижниот фестивал „Охридско лето“.