Skip to main content

Охриѓанката Данче Наумоска четврт век создава уметничка бајка од бакар

Данче Наумоска е единствената жена која создава врвни уметнички дела и накит од бакар. Препознатлива е по уникатната техника  – цртање и боење на бакар. 
 |  инфодеск  | 

25 годишното уметничко творештво со бакар Наумоска ќе го одбележи со јубилејна изложба насловена како „Приказ на животот преку виното“,  која ќе биде отворена во петок, 4ти јули од 19 часот во Гимназијата „Св. Климент Охридски“. 

Присутните, преку нејзините дела ќе можат да уживаат во една уникатна визуелна приказна за животот претставена низ симболиката на виното, природата и бакарот. Данче Наумоска е единствената жена која создава врвни уметнички дела и накит од бакар. Препознатлива е по уникатната техника  – цртање и боење на бакар.