Опцијата Like на Facebook, може да ве однесе на суд?
Социјалната мрежа facebook се соочува со тужба против употребата на опцијата like и на некои други карактеристики на мрежата.
Социјалната мрежа facebook се соочува со тужба против употребата на опцијата like и на некои други карактеристики на мрежата.
Тужбата е покрената од компанија која има патентски заштитено право и дејствува во име на починатиот холанѓански програмер Јоханес Џозеф Еверардус Ван Дер Меер.
Во нивната тужба тие наведуваат дека успехот на facebook се основа на две опции кои facebook ги поседува без дозвола од компанијата која пак ги има заштитено.
Од facebook изјавија дека немаат коментар за целата ситуација.
Тужбата е поднесена до федералниот суд во Вирџинија од страна на компанијата Rembrandt Social Media.
„Веруваме дека нашиот изум, кој е законски заштитен е важна основа на социјалните мрежи кои и се познати на јавноста и очекуваме судиите и поротата да го потврдат ова“ вели адвокатот Том Мелшеимер кој го води случајот.
Ван Дер Меер го заштитил својот изум во 1998 година, пет години пред да се појави facebook, а тие изуми биле дел од една социјална мрежа која требало да излезе и да ја постигне популарноста на facebook. Мрежата е наречена Surfbook.
{loadposition content9}