Оскари 2011: Го крунисаа кралот
Со четирите најважни награди на вечерта (најдобар филм, режисер, главна машка улога, сценарио) британскиот филм The King’s Speech е најголемиот победник на годишнашните Оскари. За најдобра женска главна улога беше прогласен ликот на Натали Портман во Black Swan.
Приказната за кралот кој ги надмина проблемите со говорот за да го води својот народ низ Втората светска војна, ги собра најголемите награди на 83-те Оскари. Во Кодак театарот во Холивуд, The King’s Speech освои награда за најдобар филм, најдобар машки актер, најдобар режисер и најдобро оригнално сценарио.
Приказната за студентот кој го создаде Фејсбук, ги изгуби сите “големи” награди, но сепак освои три Оскари. The Social Network е прогласен за филм со најдобра музика, најдобра монтажа и најдобро адаптирано сценарио.
Натали Портман, која глумеше балерина во Black Swan, го доби Оскарот за најдобра женска главна улога. Претходно Портман ја освои истата награда на Златните Глобуси.
Земајќи го Оскарот за режисер, Том Хупер призна дека токму мајка му била таа што му го нашла сценариото.
“Поентата на приказнава е слушајте ја мајка ви,” рече Хупер.
Сценаристот на King’s Speech, Дејвид Сидлер истакна дека со 73 години, тој е најстариот човек што некогаш земал Оскар за најдобро оригинално сценарио.
Колин Фирт кој го глумеше Кралот Џорџ 6-ти, ја комплетираше годинешната “жетва” на медали, па по освојувањето на Златните Глобуси и наградата на здружението на кино актери (SAG), го освои и Оскарот за најдобар актер.
Слично како Фирт и Бејл ги повтори своите успеси од Златниот Глобус и SAG, [Мелиса Лео откако сфати дека опцу пред Кирк Даглас и остатокот од светот.] Мелиса Лео откако сфати дека опцу пред Кирк Даглас и остатокот од светот. земајќи го Оскарот за најдобра машка споредна улога во филмот The Fighter.
Мелиса Лео, која глумеше мајка и менаџерка на двајцата боксери во The Fighter, ја комплетираше својата тројка од награди, кгоа 94-годишниот Кирк Даглас и го предаде Оскарот за најдобра женска споредна улга.
Inception, филмот кој го истражува човековиот мозок и соништа, освои по едeн Оскар за кинематографија, визуелни ефекти и два Oскара за звук. Inception беше номиниран и за најдобар филм.
И покрај тоа што ја изгуби трката за најдобар филм Toy Story 3, освои Оскар за најдобар анимиран филм и за најдобра песна. За најдобар краток анимиран филм беше прогласен The Lost Thing.
Едно од најголемите разочарувања беше филмот True Grit, базиран на истата книга како и истоимениот филм на Џон Вејн од 1969-та, кој не успеа да победи во ниту една од 10-те категории во кои беше номиниран.
Филмот за финансиската криза од 2008-ма, Inside Job, ја доби наградата за најдбоар документарец. При примањето на наградата, продуцентот на филмот, Чарлс Фергусон, потсети дека “ниту еден директор не заврши во затвор, а тоа е погрешно.”
Победници во сите категории:
BEST PICTURE-The King’s Speech
BEST DIRECTOR-Tom Hooper – The King’s Speech
BEST ACTOR-Colin Firth – The King’s Speech
BEST ACTRESS-Natalie Portman – Black Swan
BEST SUPPORTING ACTOR-Christian Bale – The Fighter
BEST SUPPORTING ACTRESS-Melissa Leo – The Fighter
BEST FOREIGN LANGUAGE FILM-In a Better World – Denmark
BEST ORIGINAL SCREENPLAY-David Seidler – The King’s Speech
BEST ANIMATION-Toy Story 3
BEST ADAPTED SCREENPLAY-Aaron Sorkin – The Social Network
BEST ART DIRECTION-Alice in Wonderland
BEST CINEMATOGRAPHY-Inception
BEST SOUND MIXING-Inception
BEST SOUND EDITING-Inception
BEST ORIGINAL SONG-We Belong Together (from Toy Story 3) by Randy Newman
BEST ORIGINAL SCORE-The Social Network – Trent Reznor and Atticus Ross
BEST COSTUMES-Alice in Wonderland
BEST DOCUMENTARY FEATURE-Inside Job
BEST DOCUMENTARY SHORT-Strangers No More
BEST FILM EDITING-The Social Network
BEST ANIMATED SHORT FILM-The Lost Thing
BEST LIVE ACTION SHORT FILM-God of Love
BEST VISUAL EFFECTS-Inception
BEST MAKE-UP-The Wolfman
{loadposition content9}