Ги оставате цигарите? Ќе ви требаат пет години и седум обиди!
Експертите го проучуваа однесувањето на 3000 пушачи и поранешни пушачи, а воочија дека повеќето се откажале од пушењето заради загриженост за здравјето. Други чести причини за оставање на цигарите се непривлечност кај другиот пол, повремен недостаток на воздух и осуда од општеството.
smoking
„Прекинувањето на пушењето е е тежок процес кој носи стрес, особено во текот на првата недела, кога желбата за цигара е најсилна. За да се издржи првата недела, добро е пушачот покрај себе да има некој кој ќе му пружи поддршка“, појаснува професорот Кери Купер од Универзитетот Ланкастер.Експертите велат дека во одредени периоди на денот доаѓаат кризи, па добро е човекот да се окупира со нешто. Добро е да се воведе некое ново хоби во животот и да започнат да вежбаат бидејќи тоа докажано го трга вниманието од желбата за никотин.
Може да помогне и список причини поради кои е добро да престанете да пушите. Таквиот список треба да го ставите на видливо место, а покрај тоа треба да почнете да негувате и нов начин на размислување, односно да си кажете за себе дека сте непушач, што е подобро отколку да кажете дека ги оставате цигарите. „Желбата за цигари трае само неколку минути, па борбата и патењето нема да траат долго“, вели професорот Купер.
Истражувањето кое го започна фирмата Nicorette, покажа дека првата недела од откажувањето на цигарите е најстресна. Имено, повеќето испитаници рекле дека тој период им е постресен и од разводот или планирањето на свадбата.По три месеци од оставањето на цигарите, луѓето почнуваат да се чувствуваат како непушачи. Половина од испитаниците рекле дека во тој период ја зголемиле телесната тежина, а петтина дури се здебелиле до граница на предебелост.
{loadposition content9}