Skip to main content

Ги оставате цигарите? Ќе ви требаат пет години и седум обиди!

Експертите го проучуваа однесувањето на 3000 пушачи и поранешни пушачи, а воочија дека повеќето се откажале од пушењето заради загриженост за здравјето. Други чести причини за оставање на цигарите се непривлечност кај другиот пол, повремен недостаток на воздух и осуда од општеството.

 |  Маја Савиќ  | 
smoking
smoking
smoking„Прекинувањето на пушењето е е тежок процес кој носи стрес, особено во текот на првата недела, кога желбата за цигара е најсилна. За да се издржи првата недела, добро е пушачот покрај себе да има некој кој ќе му пружи поддршка“, појаснува професорот Кери Купер од Универзитетот Ланкастер.

Експертите велат дека во одредени периоди на денот доаѓаат кризи, па добро е човекот да се окупира со нешто. Добро е да се воведе некое ново хоби во животот и да започнат да вежбаат бидејќи тоа докажано го трга вниманието од желбата за никотин.

Може да помогне и список причини поради кои е добро да престанете да пушите. Таквиот список треба да го ставите на видливо место, а покрај тоа треба да почнете да негувате и нов начин на размислување, односно да си кажете за себе дека сте непушач, што е подобро отколку да кажете дека ги оставате цигарите. „Желбата за цигари трае само неколку минути, па борбата и патењето нема да траат долго“, вели професорот Купер.

smokingИстражувањето кое го започна фирмата Nicorette, покажа дека првата недела од откажувањето на цигарите е најстресна. Имено, повеќето испитаници рекле дека тој период им е постресен и од разводот или планирањето на свадбата.

По три месеци од оставањето на цигарите, луѓето почнуваат да се чувствуваат како непушачи. Половина од испитаниците рекле дека во тој период ја зголемиле телесната тежина, а петтина дури се здебелиле до граница на предебелост.

{loadposition content9}