Skip to main content

Вештачка интелигенција

Отказ за уредничката која објави Chatbot генерирано „интервју“ со Шумахер

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1 веднаш реагираше за лажното интервју и најави тужба.
 |  инфодеск  | 
Шумахер интервју

Главниот уредник на германското списание Die Aktuelle, кој објави лажно интервју со Михаел Шумахер направено преку вештачката интелигенција, е отпуштен, објави медиумската група Funke.

“Таа невкусна и погрешна статија никогаш не требаше да се појави. На никој начин не ги исполнува стандардите на новинарството кои ние и нашите читатели ги очекуваме од група како Funke”, рече Бјанка Полман, директор на списанијата Funke.

Според неа, уредничката на списанието Актуел, Ен Хофман, која го води списанието од 2009 година, е отпуштена.

Бјанка Полман му се извини на семејството на легендарниот германски возач во Формула 1.

списание

Списанието се пофалило дека добило интервју со Шумахер, прво по неговата скијачка несреќа и тешката повреда на главата на крајот од 2013 година на француските Алпи.

Списанието, специјализирано за вести на познати личности, објави “интервју” во средата и откри дека тоа е направено преку вештачка интелигенција.

Во статијата се вклучени цитати кои му се припишуваат на Шумахер кои се однесуваат на неговиот семеен живот по несреќата, како и неговото здравје.

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1 веднаш реагираше и најави тужба.
Шумахер доживеа скијачка несреќа во Франција на 29 декември 2013 година и се здоби со тешки повреди на главата, по што со месеци беше во индуцирана кома, од која се разбуди во јуни 2014 година. Во несреќата доживеал оштетување на мозокот и веќе не се појави во јавност.