Skip to main content

Отрови кои си ги чуваме дома

Скапо ги плаќате а тие упорно и подмукло ве трујат. Станува збор за производи кои ги употребуваме во домот а кои не ретко се причинители на астма, алергии, рак. За ова треба да ги обвинувате лошите закони за контрола на квалитет.

 |  Маја Савиќ  | 
cistenje
чистење
cistenje

Скапо ги плаќате а тие упорно и подмукло ве трујат. Станува збор за производи кои ги употребуваме во домот а кои не ретко се причинители на астма, алергии, рак. За ова треба да ги обвинувате лошите закони за контрола на квалитет.

Освежувачи на воздух

Салткиот мирис на ванила и праска или свежината на океанот често доаѓаат во пакет со нафталин или формалдехид кои се познати по своето карценогено дејство. А содржат и низа други отровни хемикалии кои предизвикуваат астма и алергии кај децата.  Ако сакате свеж мирис во домот треба да се ослободите од изворот на лошиот мирис  ане да маскирате. Нашите баби отворале прозор и проветрувале.

Средства против молци, мрави, муви и комарци

Со вдишувањето на овие средства всушност вие вдишувате инсектициди. Нафталинот содржи скоро 100% нафтален кој е канцероген или парадиклоробензен кој е отров. Можеби ќе ги убиете мравките и молците но на долг рок се самоубивате себе  си. Многу домаќинки на пример против молци употребуваат лаванда. Нашите баби ставале иваново цвеќе во јамболиите и тоа на Иванден. Пак да не слушате постари!

Средства за чистење стакло

Никогаш, ама баш никогаш не смеат да им паднат в раце на деца.  Сега се прашувате што користеле нашите баби за да ги светнат стаклените површини !? 🙂 Ракија „препир“.

Средства за чистење кујна, купатило, одмастувачи и слично


Најголем дел од нив содржат формалдехид. Не се сите канцерогени но ако пишува на кутијата „ако дојде во допир со очите веднаш исплакнете и задолжително отидете на лекар“ тогаш се сомнителни. Сите вакви средства, ако имате деца во куќата, треба да се чуваат под клуч. А баба? Баба би употребила киселина (онаа за јадење) и сода бикарбона.
{loadposition content9}