Овошјето го открива карактерот
Храната има симболично значење кое што зборува за карактерот на еден човек. Овошјето ја симболизира плодноста и радоста на живеењето. Сепак за да се определат особините на личноста потребно е да се знае и каков тип на овошје консумира.
Храната има симболично значење кое што зборува за карактерот на еден човек. Кое е вашето омилено овошје?
Јагоди
Љубителите на јагоди се добри соговорници но понекогаш имаат недостаток на смисла за хумор па затоа изгледаат сериозно. Мажите кои сакаат јагоди многу брзо се заљубуваат но истовремено и лесно се „ладат”. Жените пак се неодлучни и поминуваат поголем дел од својот живот чекајќи го вистинскиот.
Јаболка
Човекот кој обожава јаболка е помалку старомоден но затоа брз и енергичен. Најчесто е искористуван од другите луѓе и покрај тоа што станува збор за личност со голема самодоверба. Во љубовта има реален пристап и не лета во облаци.
Праски
Луѓето кои сакаат праски имаат високи критериуми при избор на пријатели, но затоа пак кога ќе го направат вистинскиот избор остануваат верни до крајот на животот. Во бракот се одговорни родители додека на работното место не ретко може да постигнат феноменални резултати.
Кајсии
Ако припаѓате на оваа категорија тогаш имате одлично чувство за бизнис. Партнерот го поставувате како еден од главните приоритети во вашиот живот. Луѓето сакаат да излегуваат со вас бидејќи сте исклучително комуникативни.
Портокали
Портокалите се омилено овошје на скромните и вредни личности. Во љубовта се пасивни и рационални но затоа пак во креветот се претвораат во ѕверови. Сексуалната желба е мошне изразена.
Банани
Овие луѓе вложуваат се од себе кога се наоѓаат пред определен предизвик. Кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер се заљубуваат „до уши” и најчесто остануваат со него. Бидејќи се пријатни личности речиси секогаш се заслужни за доброто расположение во друштвото.
Смокви
Тактичните луѓе сакаат да консумираат смокви. Станува збор за личности кои се одлучни и со добро помнење. Ниту староста не може да ги промени особините кои што ги стекнале во животот.
{loadposition content9}