Skip to main content

Сеп 26, 2016

После успешното поставување на претставата „Парламентарки“ од која собраните средства беа наменети за помош на настраданите од поплавените подрачја, во петок во Охрид за слична цел Македонската Опера и Балет гостува со претставата „Рита“.


Сеп 23, 2016

Актерот Зоран Љутков и тенорот Ѓорѓи Цуцковски се нови уметнички селектори за драмскиот и за музичкиот дел на фестивалот. Новите селектори најавуваат оти со директорот Оливер Арсовски годинава ќе ја соопштат програмата на почетокот на годината.


Сеп 23, 2016

Во организација на Македонскиот олимписки комитет а во соработка со Националните спортски федерации и Општина Охрид Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, д-р Васил Тупурковски, денес ја отвори „Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија“.


Сеп 23, 2016

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид наредниот петок 30.09 ќе биде поставена комичната опера „РИТА“ на Гаетано Доницети, Станува збор за хуманитарна претстава, за загрозените од поплавените подрачја.


Сеп 21, 2016

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со Македонски Народен Театар Ве покануваат на охридска премиера на “ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА” – режисер Јацек Гломб  , Драматург Роберт Урбањски  , во ПОНЕДЕЛНИК 26.09.2016 година, почеток 20.00 часот, ВЛЕЗ 150 денари.


Сеп 21, 2016

По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили.


Сеп 21, 2016

Народниот театар Охрид, денес, премиерно ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.


Сеп 17, 2016

Кражбите во црковните храмови  во охридско, струшко и  дебарско  ја оставија Македонија без 600 вредни икони, и тоа икони кои се дело на еден од најголемите фрескоживописци, Дичо Зоограф.