Распишан е новиот Конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, го распиша новиот Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за насока кризен менаџмент, заштита и спасување на прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.
Утре стартува деветтоо издание на францускиот филмски фестивал
Со филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб, утревечер свечено ќе биде отворено овогодинешното деветто издание на францускиот филмски фестивал што се одржува во Скопје и Охрид.
Познатата француска актерка Астрид Ветнал гостинка на „Охрид Филм Фест“
Денес во Охрид пристигнува познатата француска актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот на Рашид Бушареб „Пат за Истанбул“.
Русија го снима првиот филм во Вселената
Руска актерка и режисер полетаа денеска кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) во историски обид да го снимат првиот филм во вселената и со тоа да ги надминат САД. Тие се надеваат дека ќе го победат холивудскиот проект, што лани ги најавија Том Круз и Илон Маск.
„Виолин фест“ утре во Охрид
Во големата сала на Општина Охрид, утре 14-ти јуни ќе се одржи четвртото издание на „Виолин фест“, откако два дена претходно, на 12-ти јуни се одржа во Музејот на град Скопје.
Доделени дипломите за БОБ програмата
Во прекрасен природен амбиент, со поглед на Охридското езеро, на пригодна свечаност во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, на децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, им беа доделени дипломи за завршено соодветно ниво од БОБ програмата.
Охридски готвач, еден од најдобрите на Меѓународниот гастро-туристички шампионат „Ниш 2016“
Извонреден пласман на македонските готвачи-шефови на кујни на 3-тиот Меѓународен гастро-туристички шампионат Ниш 2016, што Угостителско туристичкото здружение од Ниш го организираше од 08-10 јуни на Нишкиот саем.
Масакр на Флорида, 50 мртви
Исламската држава ја презеде одговорноста на терористичкиот напад во Орландо, Флорида, во кој најмалку 50 луѓе се убиени, а 53 се ранети.