Skip to main content

Мај 26, 2016

Нешто повеќе од 50 пратеници ја потпишале иницијатива на пратениците на опозициската СДСМ за утврдување одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов по донесување на одлуката за општа аболиција со која помилува 56 лица меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешни министри за кои се водат постапки во Специјалното јавно обвинителство и во судовите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други политички претставници.


Мај 26, 2016

Четирите предмети кои Специјалното јавно обвинителство ги побарало од општина Центар се поврзани со изградбата на спомениците: Воин на коњ (Александар Македонски), Воин ( Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто, дознава НОВА. Овие споменици се дел од мегаломанскиот проект Скопје 2014 кој досега се потрошени над 600 милиони евра, објавува НоваТВ.


Мај 25, 2016

Меѓу подвижните празници и во црковниот и во народниот календар значајно место има празникот Преполовение, меѓу народот познат како Руса Среда.


Мај 25, 2016

Oдложувањето на изборите ја продолжи неизвесноста од политичка разрешница, со што се зголемува притисокот врз рејтингот „ББ плус“ за Македонија земјата- ова е оценката на меѓународната рејтинг агенција „Фич“ во последниот извештај за Македонија.


Мај 25, 2016

Партиската четворка да се врати на преговарачка маса и со консензус да се дојде до законски решенија кои ќе го отворат патот за излез од кризата. ДУИ потсетува дека е тоа обврска од Договорот од Пржино, пренесува „Телма“.


Мај 24, 2016

Во четврток на 2-ри јуни 2016 година, во охридскиот Народен театар повторно ќе биде изведена претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.


Мај 24, 2016

Под мотото „Од децата за децата“ во ПЕТОК 27.05.2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид, со почеток од 13.30 часот, ќе гостува хорот „Златно славејче“. Најмалите охриѓанчиња ќе имаат ретка прилика да се забавуваат со најновите детски хитчиња.


Мај 24, 2016

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја, почнувајќи од деветти век. Наречени се сесловенски просветители и рамноапостолни (еднакви на апостолите). Се почитуваат во сите словенски земји.