Skip to main content

Јан 14, 2016

Се поизвесно е дека во периодот од сабота па во текот на цела наредна недела се очекува значително заладување. Може слободно да се искорист фразата „зимата се враќа на голема врата“, пренесува интерент порталот „Метеопро“.


Јан 14, 2016

Американскиот интернет портал „Блумберг“ направи  една ранг-листа на најстресните земји за живеење во светот. Македонија на листата се наоѓа на 9-тото место, Нигерија е на првото, а Норвешка на последното.


Јан 12, 2016

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан денеска ќе имаат средба во Државната изборна комисија и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по што ќе ги кажат своите оценки од посетата во Македонија, односно каков е нивниот став во однос на имплементирањето на договорот од Пржино,пренесува „Фокус“.


Јан 11, 2016

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.


Јан 11, 2016

Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави УЈП на стартот на новата 2016 година.


Јан 11, 2016

Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот.


Дек 31, 2015

Граѓаните и правните лица може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на официјалната веб страница http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP.


Дек 30, 2015

Со гаранција во недвижен имот, со забрана да го напуштаат главниот град и со предадени пасоши во кривичниот суд, двајцата првообвинети во случајот Пуч ќе им биде дозволено да излезат од притвор, пренесува „Телма“.