ВМРО-ДПМНЕ ги напушти преговорите за медиумите
Политичките преговори за медиумите во ќор сокак, пренесува „Телма“.
Дизелот поефтини, цената на бензините непроменета
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека цената на бензините останува непроменета.
Сончевата есен на животот
Тмурното и врнежливо време во Охрид, не го попречи доживувањето на „Сончевата есен на животот“, саботен настан кој ги разгали срцата на старите лица, пензионерите и сите оние кои ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за да уживаат во програмата подготвена од Црвениот крст Охрид, во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица.
Магдалена Алексовска новата песна ја објави од Њујорк
Младата и талентирана пејачка Магдалена Алексовска-Маги која живее во Њујорк, го објави официјалното видео за нејзината најнова песна со наслов „Друг да ме нема“. Текстописец е Весна Малинова, а аранжер и композитор Кирил Бабамов.
Обвинителката Јанева ги побара првите четири предмети
Специјалното јавно обвинителство од обвинителствата во земјава ги побара првите четири предмети поврзани или кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговор, пренесува „Радио слободна Европа“.
Ин витро без партиципација
Пациентките кои сакаат да остварат право на ин витро за добивање прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување се ослободени од плаќање на партиципацијата од 6.000 денари.
Македонскиот филм „Збор“ на кино репертоарот во Охрид
Охридските љубители на филмската уметност на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември 2015 година, во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да го погледнат филмот „Збор” од режисерот Слободан Деспотовски.
Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките
Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на 16-дневната кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.