Статистика на МВР за периодот (29/30.04) по однос почитување на мерките за заштита од коронавирусот
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29/30.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
За едно деноноќие на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Акции за чистење на плажите
Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денес се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Даљан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани.
Светски ден на безбедност и здравје при работа – Да ја запреме пандемијата
Оваа 2020 година, Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа – 28 април, го одбележуваме во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус COVID-19.
МТСП: Придржувајте се до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките
Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките. Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје. Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас.
МЗШВ: Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на ден 16.04.2020 година.
Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти и 28 нови случаи со COVID-19
Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.
Под мотото „Акција за борба против климатските промени“ денес се одбележува светскиот ден на планетата Земја
Поради мерките за заштита од коронавирусот COVID-19, без посебни свечености денес се прославува 22-ри април Светскиот ден на планетата Земја.