Меѓународниот монетарен фонд одобри финансиска поддршка за нашата земја, во износ од околу 176 милиони евра за борба против пандемијата на вирусот КОВИД-19
Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот КОВИД-19.
48 нови случаи на заболени со COVID-19, нов случај во Охрид
Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.
Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација
Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот.
ТАЖНА ВЕСТ: Почина пејачот Маринко Роквиќ
Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми.
ИНФОРМАЦИИ И КАРДИОЛОШКИ ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ И ЗАШТИТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА
Кардиолозите советуваат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и токму навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус. Од тоа што досега се знае, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација.
ФИЛИПЧЕ: НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО, ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ ДО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ-ВАШИОТ ТРУД И ПОЖРТВУВАНОСТ СПАСУВААТ ЖИВОТИ И ТОКМУ ЗАРАДИ ВАС ЛУЃЕТО ВЕРУВААТ ДЕКА ЌЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ
По повод, Меѓународниот ден на здравјето, 7 април, со обраќање до здравствените работници, Министерот за здравство, Венко Филипче им оддава признание за клучната улога која ја имаат тие во здравствената нега и грижата за нашето здравје:
ЦЈЗ: Изолацијата, најдобра мерка за заштита од корона вирусот
Најдобра мерка да се заштитиш себеси и своите најблиски е изолација, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.
Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители
Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители.