Во Охрид работилница на тема „Музиката денес“
Охридско лето на 11 – ти јуни со почеток од 18 30 часот во катедралната црква Св. Софија организира работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници.
БАЛКАНСКА 3а/2 повторно во петок на репертоарот на охридскиот театар
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие.
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
УСПЕШНО ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ”
Во текот на изминатиот викенд Охрид беше претворен во вистинска атлетска патека благодарение на третото успешно издание на Спортската манифестација „Охрид Трчат”.
Ракометарите на Вaрдар ќе бидат дочекани како што доликува
Променет е терминот на чартер летот што Град Скопје го организира за ракометарите на Вардар.
EK побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија
Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување.
„Просветителска“ Импровокација
Аз, Буки, Веди… 24-ти мај, денот на просветителите Св. Кирил и Методиј, ден кога светите браќа тргаат на Моравската мисија е ден и за Импровокација.
Фестивал на новиот Германски филм во Охрид
Љубителите на современиот германски филм, деновиве ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски остварувања, од германската филмска продукција.