Четкар и Коштана го отвараат годинешното „Бело лето“
Со концерт на зајдисонце на охридската џез легенда Владимир Всилески Четкар на плажата Лабино, и со претставата „Коштана“ на најстариот српски приватен театар „Славија“, денес во Охрид започнува манифестацијата „Бело лето“. Градоначалникот Никола Бакрачески ветува едно од најспектакуларните изданија на оваа манифестација со која секоја година и официјално се означува стартот на летната туристичка сезона.
РСБС со препораки до возачите поради високите температури
Со цел безбедно учество во сообраќајот и избегнување на сите непријатности кои се последица од пеколно високите температури, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препораки до учесниците во сообраќајот кои секојдневно се дел од урбаниот сообраќаен метеж.
Стефан Марковски добитник на наградата „Крсте Чачански“
Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, годинава ја доби ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски. Седми пат наградата ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.
Изложбата „Внатрешна градина“ на романската сликарка Емилиа Персу наскоро во Охрид
Во петок триесетти јуни во 20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена изложбата „Внатрешна градина“ на ликовниот уметник и дел од авангардната генерација на уметници од Романија, Емилиа Персу.
Утре летна шема со „Импровокација“
Тетарска импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ (летна шема), оваа сабота, 24-ти јуни, со почеток од 21 часот. Импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски. Домаќин/хост – Филип Ангеличин Жура.
Гори Португалија, прогласена тридневна жалост
Португалија е во тридневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари. 62 лица загинаа, а десетици се повредени од огнената стихија.
Напад во близина на џамија во Лондон
Едно лице загинало, а десетина други биле повредени кога комбе удрило во пешаци во близина на една џамија во северниот дел на Лондон. Инцидентот кој се случил петанесетина минути по полноќ се истражува како можен терористички акт.
„Баскерфест 2017“
Над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Баскерфест“ што од утре до 25 јуни ќе се одржува во Скопје.