СДСМ бара укинување на екстерното тестирање
Пратениците на СДСМ денеска ќе ги достават до Парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање, изјави на прес конференција пратеникот Стефан Богоев. Тој посочи дека очекува овие измени по скратена постапка да се донесат и уште оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.
Се одиграа финалните натпревари во одбојка во рамки на училишните спортски лиги
Во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедено учествуваа четири екипи, ученици машки и женски кои со заеднички сили се портудија најдобро што можат да изиграат за своето училиште.
Осомничените за насилствата во Собранието, денес пред суд
Денеска се очекува деветмина од осомничените за насилствата во Собранието на Македонија на 27 минатиот месец да бидат изведени пред Суд. Обвинителството ги товари за учество во топла.
„Среќни и безбедни матурски вечери“
Во пресрет на матурските прослави, СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива, ја отпочна превентивно- едукативната кампања „Среќни и безбедни матурски вечери“. Претставници од оделението за превенција, од денеска ќе бидат во средношколските центри во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, и со матурантите ќе разговараат за неопходните мерки за безбедност при одржувањето на матурските прослави.
Се ситнат деновите, се усогласува текстот на гаранциите кои Иванов ги бара
Партиски извори во СДСМ за Макфакс ги демантираат информациите кои се појавија во одредени медиуми дека веќе биле испратени гаранциите кои претседателот на Република Македонија ги бара за доделување на мандатот за формирање на нова влада предводена од Зоран Заев.
Бензините и дизелот од ноќеска со пониски цени
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од утре – според нивната одлука литар бензин од 95 октани ќе чини 63 денари, бензинот од 98 октани 65, а литар еуродизел 49 денари.
Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска
Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска најави координација на претставниците на парламентарни партии, на која треба да се разговара за локалните избори.
Нов успех на Т.К. „Хва ранг Фист“
Викендов во Скопје,а во организација на Теквондо клубот Илинден и Македонската Теквондо Федерација,во соработка со АМС и МОК ,се одржа 2-от по ред Теквондо Турнир ИЛИНДЕН ОПЕН 2017.

