Skip to main content
Јун 6, 2016

Настапот на театарската група од Црвен крст Суботица, со оригиналната изведба на претставата „Тие постојат (во сон и на јаве)“,  во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на третото издание на Меѓународниот младински фестивал кој во организација на Црвен крст Охрид од 1-4 јуни 2016 г. се одржа во Охрид.


Јун 6, 2016

Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) е исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар.


Јун 6, 2016

Хајндл доаѓа во Македонија. Специјалниот германски пратеник во вторник ќе се обиде да даде солуции за решавање на политичката криза, откако два пати веќе ги ислуша политичките лидери, информира неделникот „Фокус“.


Јун 3, 2016

Јапонската пијанистка Асами Сати вечерва ќе одржи концерт во Охрид во рамките на Фестивалот за современа музика „МОДОАРС 2016“.


Јун 3, 2016

Утре 4-ти јуни 2016 година со почеток во 10 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, тим на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ и Црвен Крст од Охрид заеднички ќе спроведуваат превентивни прегледи со цел откривање на ризик факторите за мозочен удар. Секој заинтересиран граѓанин ќе има можност за индивидуална консултација со специјалист невролог.


Јун 3, 2016

Денес 3-ти јуни, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник Свети Константин и Елена кои црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни.


Јун 2, 2016

Децата во воспитно поправниот дом „Тетово“, којшто во моментов е сместен во затворот во Охрид, а ги има 28 на број, живеат во мизерни услови, неписмени се, без задолжително образовани, без пристоен тоалет и капење, а навечер не можат ни да уринираат, открива народниот правобранител презентирајќи го Посебниот извештај за состојбите со децата во ВП Дом “Тетово“, пренесува „Макфакс“.


Јун 1, 2016

Утре 2-ри јуни во охридскиот Народен театар, со почеток во 20 часот, за само 150 денари, повторно ќе биде изведена претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.