Од денес „Денови на медот“ во Охрид
Во организација на Пчеларското здружение “Охрид” од Охрид, а поддржано од градоначалникот, од 5 до 8 август на плоштадот “Крушевска Република” – кај Чинарот, ќе се одржи манифестацијата “Денови на Медот”.
Андреј Стојаноски, севкупен победник на малиот пливачки маратон
Андреј Стојаноски, е сениорски и севкупен победник, додека во женска конкуренција, со најсјајното одличје се закити младата пливачка Стефани Тримчевска.
Невозможното, ќе го направам возможно
Охридската стрелачка Нина Балабан заминува на олимпијадата во Рио.
Концерт на рок составот „Ван Гог“
Српската рок атракција, групата „Ван Год“ во рамките на офф програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со концерт во Охрид.
Претставата „Комедија на грешки“, го означува стартот на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“
Мотото на годинешното издание на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ е „Славејќи го Шекспир, ја славиме слободата“. Претставата „Комедија на грешки“ на големиот бард во изведба на актерите на Турскиот театар од Македонија, а во режија на Коле Ангелоски, е првата од трите претстави работени по дела на Шекспир кои фестивалската публика ќе има можност да ги види во рамките на фестивалот.
Се е подготвено за 28то издание на „Поетската ноќ во Велестово“
Со портретот на поетот Санде Стојчески и ликовната изложба на Стефан Хаџи Николов, ќе започне оваа мала но строга антологија на македонското поетско творештво и македонското сликарство. Втората вечер од манифестацијата пак, е посветена на ирската поезија, како и на промоцијата на книгата на Климе Дулески, насловена „Сеќавања“.
Завршува спортско едукантивниот камп „Охрид 2016“
Седумдесет деца од Охрид, Скопје, Битола, како и од српскиот град Крагуевац, ќе понесат прекрасни спомени во своите градови за спортските, забавните и едукативно образовните активности во кои уживаа изминативе шест дена, но и за дружењето, забавата, како и првите детски љубови.
Четкар на есен ја започнува големата азиска турнеа
Моментално најангажираниот културен амбасадор на Охрид во светот, охридскиот џез музичар Владимир Василески Четкар, вели дека денес, на Охрид речиси и да не му е потребна промоција во светот со оглед на големата популарност кој во последниве неколку години самиот ја стекна како култруна и туристичка дестинација.