Skip to main content
Мај 24, 2016

Под мотото „Од децата за децата“ во ПЕТОК 27.05.2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид, со почеток од 13.30 часот, ќе гостува хорот „Златно славејче“. Најмалите охриѓанчиња ќе имаат ретка прилика да се забавуваат со најновите детски хитчиња.


Мај 24, 2016

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја, почнувајќи од деветти век. Наречени се сесловенски просветители и рамноапостолни (еднакви на апостолите). Се почитуваат во сите словенски земји.


Мај 24, 2016

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии – Кина“ го подотвора прозорецот за кинеските културни вредности со цел да изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да го доближи кинескиот филм до македонската публика.


Мај 23, 2016

Лоуч, оваа награда ја доби за филмот „Јас Даниел Блејк“, кој е потресна приказна за срамот заради сиромаштија во Европа предизвикана од мерките на штедење.


Мај 18, 2016

На 30 јуни 1905 година, Алберт Ајнштајн започна револуција со објавувањето на специјалната теорија за релативноста.


Мај 18, 2016

Се очекува Уставниот суд да го пресече јазолот на политичката криза и да ја прифати иницијативата на партијата на Али Ахмети, пренесува„инфо+“ порталот.


Мај 17, 2016

На репертоарот на Народниот театар Охрид, овој четврток охридската публика ќе има можност повторно да ужива во претставата “Парламентарки“.


Мај 17, 2016

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд 21.05 2016,ќе учествува на меѓународниот теквондо итф турнир „14 Љубљана Опен 2016“, во Словенија, кој е еден од најјаките  турнири во нашиот регион , на кој многу земји ќе ги избираат нивните репрезентативци за наредното светско првенство за јуниори и ветерани во Италија септември месец.