Дек 27, 2024
Уметникот Сашо Блажес со изложбата „No escape from reality“ го прикажува хаосот на секојдневието и потрагата по внатрешен мир
Отворена самостојната изложба на уметникот Сашо Блажес насловена „No escape from reality” во поранешната Касарна во Охрид. Охридската јавност само денеска имаше можност да погледне досега неизложувани дела на уметникот кои го истражуваат хаосот на секојдневието и потрагата по внатрешен мир. Блажес постигнува целосен ефект откривајќи го на јавноста својот критички однос кон реалноста преку интеракција на уметничките дела со просторот во кој одлучил да ги изложи, запуштениот објект на поранешната армиска менза.
Дек 27, 2024
Самостојна изложба на уметникот Сашо Блажес денес во Касарна Хаб
Изложбата ќе биде отворена за јавноста во 12:00 часот и ќе биде проследена со предновогодишна забава.
Дек 23, 2024
Во недела предновогодишна Импровокација
Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи во недела, 29 декември со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.
Дек 20, 2024
Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“
Новогодишниот концерт ќе се одржи на 26-ти декември (четврток) во дијамантската сала на хотелот „Инекс“ со почеток во 19:00 часот.
Дек 16, 2024
Вечерва „Кумови“ повторно на репертоарот пред охридската публика
Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
Дек 14, 2024
Денес пред охриѓани повторно претставата на младите од Младински Центар Охрид „Премотај и почни одново”
„Премотај и почнит одново” е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead” од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.
Дек 13, 2024
Денес ќе се одржи Мултикултурен фестивал за славење на различностите
Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 17:00 часот ќе се одржи Мултикултурен фестивал кој ќе го слави богатството на различностите преку храна, традиционални занаети, фолклор и обичаи на етничките заедници кои живеат во нашиот регион.
Дек 13, 2024
Вечерва реприза на „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“
Вечерва ќе биде репризно изведена 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз” која предизвика голем интерес кај охриѓани – „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL”.