Skip to main content

Јул 31, 2024
Осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.

Јул 30, 2024
Актерската екипа на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со вечерашната премиера на театарската претстава „Рацин“ што ќе ја изведе на „Охридско лето“ ќе и понуди на публиката едно ново, свежо и несекојдневно доживување и третирање на поетот, револуционерот и човекот Рацин. Претставата којашто изобилува со неверојатни визуелни и музички сензации, ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Јул 29, 2024
охридско лето
Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.

Јул 29, 2024
охридско лето
Претставата испреплете приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.

Јул 28, 2024
охридско лето
Шекспир е поставуван од неброени театарски компании, со илјадници верзии, но неговите дела секогаш се актуелни, му пркосат на времето со своите пораки, идеи, толкувања на човечката природа.

Јул 26, 2024
охридско лето
Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија.

Јул 26, 2024
охридско лето
Стефановски е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови.

Јул 25, 2024
Охридско лето
Концертот на тенорот Акилес Мачадо во пијано придружба на Андреја Наунов ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.