Јул 17, 2024
НУ ОХРИДСКО ЛЕТО
Долги и стоечки овации за маестро Герхарт Рајхенбах
Овој голем уметник со светско реноме повеќе од четири децении одржува концерти како солист, со оркестар и на бројни фестивали кои го носат насекаде во светот. Покрај тоа, тој е и професор по гитара на Универзитетот во Келн. Вчеравечер во редовите на публиката беа и негови студенти по гитара.
Јул 16, 2024
Четкар ќе одржи концерт во Охрид на 3-ти август
Познатиот џез музичар охриѓанецот Владимир Четкар, ја објави новата песна и спот. Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар “Let Us be” кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18. Септември во Токио. На 3 август, сабота, Четкар со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл ќе оддржи концерт во Охрид.
Јул 16, 2024
„Summer Comedy Marathon“ по шести пат ќе го освежува Охрид со хумор
18 стенд ап комичари од градот, земајва и странство, ќе приредат 19 шоуа на шестото издание на Фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon 2024“. Безмалку еден месец охриѓани и гостите ќе се освежуваат со хумор во овие тропски горештини. Годинава главен настан е јубилејното шоу „10 Години 2 Mothers Brothers – Comedy Cabaret“ на 13-ти август на Долни Сарај.
Јул 16, 2024
Балетската претстава „Барби“ во петок за најмладите
Балетската претстава „Барби“ ќе се одржи во 21.00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“.
Јул 16, 2024
Охридско лето
Германскиот гитарист Рајхенбах со концерт на „Охридско лето“
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Јул 15, 2024
Седмо издание на Beach Film Festival во Охрид
Од 17-ти до 21-ри јули на 4 локации во Охрид ќе се одржува седмото издание на „Фестивалот на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL- ОХРИД 2024“.
Јул 15, 2024
Утревечер хуманитарен концерт на Сараиште во спомен и чест на Андреј Лаброски
Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории.
Јул 15, 2024
Словенечкиот народен театар од Марибор вчеравечер ја изведе монодрамата „Безгрешна“
Претставата е адаптција на романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, на загубата, на осаменоста, на потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелуваат.