Јун 25, 2024
Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид ќе одржат музичка приредба со богат репертоар на добро познати песни од големи домашни и странски артисти.
Јун 25, 2024
Утревечер шесто издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”
Публиката ќе може да ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани.
Јун 21, 2024
Со концерт на Антички театар Ѓоко Танески ќе го одбележи 30 годишниот јубилеј
Oчекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.
Јун 19, 2024
По 23-ти пат натпреварот „Охридски бисери“ во Охрид донесе млади музички таленти од цел свет
Во катедралната црква Св Софија деновиве се одржува меѓународниот натпревар за млади музичари Охридски бисери. Овој натпревар со својот програмски концепт и строгата селекција на учесници е високо рангиран и препознатлив во Европа и светот. Сите љубители на класичната музика, вечерва на завршниот концерт ќе можат да уживаат во изведбите на најдобрите во дисциплините пијано, виолина и камерна музика.
Јун 18, 2024
Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид
Сликарството е уметност и занает , кое бара талент, креативност и истрајност. Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид. Во колоритното катче, галеријата во стариот дел на Охрид впечатливи се најразлични стилови апстрактна уметност но и безвременските мотиви од Охрид.
Јун 14, 2024
ФА Отекс Фолк со годишен концерт ќе ја обележи работата на фолклорната школа во изминатата година
На овој концерт ќе настапат најмладите членови на ансамблот, средната група, како и и вториот состав кои што со голем ентузијазам и љубов ги изучуваа традиционалните фолклорни кореографии во изминатата школска година.
Јун 14, 2024
Во недела годишен концерт на студиото за танц „Соната”
Годишниот концерт ќе се одржи во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток во 13:00 часот.
Јун 13, 2024
Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на „Вдиши театар“
Нашите млади, талентирани актери, на креативен и многу реален и сликовит начин ја прикажаа вербата, надежта и борбата за подобро УТРЕ, соочени со силните притисоци и контрола од страна на моќниците-„ОКОТО“.