Skip to main content

Авг 7, 2023
Охридско лето
Целовечерниот концерт ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На репертоарот ќе бидат композиции од Клод  Дебиси, Франц Шуберт, Сергеј Рањмањинов и Дмитри Шостакович.

Авг 6, 2023
Фестивал Охридско лето
Претставата е во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на НУЦК Театар „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија.

Авг 6, 2023
Summer Comedy Marathon ’23
Неверојатна вечер на ултра интензивна комедија. Евтини Секс Приказни од кои ќе ве болат стомачните.

Авг 5, 2023
Приказни од ковид времето
Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата “Европеец на годината” за 2020 г.

Авг 5, 2023
Фестивал Охридско лето
Рускиот виолинист Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова вечерва ќе музицираат во Св Софија во 21 часот.

Авг 4, 2023
Фестивал Охридско лето
За роденденот на фестивалот за прв пат на програмата традиционална португалска национална песна со извонредниот вокал на Жуана Амендоира од Португалија, придружувана од Педро Амендоира, португалска гитара и Жуао Фелиеп на фадо гитара.

Авг 4, 2023
НУ Завод и Музеј Охрид
Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори.

Авг 3, 2023
Фестивал Охридско лето
Италијанската вечер на „Охридско лето“ е традиционална и се одржува со поддршка од Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија. Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри рече дека оваа вечер е посебна бидејќи се одржува на големиот национален празник Илинден,.