Јул 2, 2024
7мо издание под отворено небо на Beach Film Festival во Охрид
Фестивалот се одржува на плажите Сараиште и Славија, и бродот Армада.
Јул 2, 2024
Поради лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал ќе се одржи утре
Поради лошите временски услови отварањето на Балканскиот фестивал ќе биде утре во големата сала на НУЦК “Григор Прличев” во 20:30 часот.
Јул 1, 2024
Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде со целовечерен концерт на националниот ансамбл „Танец“ со почеток во 20:30 часот на сцената на „Долни Сарај“.
Јун 25, 2024
Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид ќе одржат музичка приредба со богат репертоар на добро познати песни од големи домашни и странски артисти.
Јун 25, 2024
Утревечер шесто издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”
Публиката ќе може да ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани.
Јун 21, 2024
Со концерт на Антички театар Ѓоко Танески ќе го одбележи 30 годишниот јубилеј
Oчекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.
Јун 19, 2024
По 23-ти пат натпреварот „Охридски бисери“ во Охрид донесе млади музички таленти од цел свет
Во катедралната црква Св Софија деновиве се одржува меѓународниот натпревар за млади музичари Охридски бисери. Овој натпревар со својот програмски концепт и строгата селекција на учесници е високо рангиран и препознатлив во Европа и светот. Сите љубители на класичната музика, вечерва на завршниот концерт ќе можат да уживаат во изведбите на најдобрите во дисциплините пијано, виолина и камерна музика.
Јун 18, 2024
Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид
Сликарството е уметност и занает , кое бара талент, креативност и истрајност. Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид. Во колоритното катче, галеријата во стариот дел на Охрид впечатливи се најразлични стилови апстрактна уметност но и безвременските мотиви од Охрид.







