Skip to main content

Дек 19, 2021
Детска Евровизија

Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место. Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина.


Дек 2, 2021

Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.


Мај 25, 2020

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.


Мај 24, 2020

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце.


Мај 22, 2020

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.


Мај 21, 2020

Управата за јавни приходи соопшти дека на 31-ви овој месец истекува рокот за потврдување или коригирање на годишната даночна пријава.


Мај 20, 2020

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1. Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.


Мај 18, 2020

Владата предвидува награда од 20% од основната плата за 2 месеци за најизложените здравствени работници во борбата против КОВИД-19.