Skip to main content

Апр 10, 2020

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот.


Ное 6, 2021

Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми.


Апр 8, 2020

Кардиолозите советуваат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и токму навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус. Од тоа што досега се знае, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација.


Апр 7, 2020

По повод, Меѓународниот ден на здравјето, 7 април, со обраќање до здравствените работници, Министерот за здравство, Венко Филипче  им оддава признание за клучната улога која ја имаат тие во здравствената нега и грижата за нашето здравје:


Апр 6, 2020

Најдобра мерка да се заштитиш себеси и своите најблиски е изолација, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.


Апр 4, 2020

Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители.


Мар 31, 2020

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-вата седница на која беа усвоени записниците од 13-тиот и 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година.


Мар 29, 2020

Во неделата 29ти март во 12:15 ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид прими повик од страна на група возачи на планински Off-Road мотори, кои побараа помош за член од групата, кој доживеал несреќа и се стекнал со сериозни повреди на левата натколеница.