Бугарија и Северна Македонија заедно против трговијата со луѓе
Заменик претседателот на македонската Влада и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов денес во Охрид ќе потпишат протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.
Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“
Вечерва во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето, на неколку локации низ Охрид со почеток во 20 часот ќе биде поставена Јубилејна изложба посветена на 30 години од творештвото во Охрид на академскиот сликар Стефан Хаџи-Николов – Масло на платно. Во 19 часот пак, во центарот за култура „Григор Прличев“, Амбасадата на Народна република Кина во Македонија, организира изложба на фотографии на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Н. Р. Кина. Фестивалската вечер продолжува во катедралната црква Св. Софија во 21 часот со коцерт на квартетот „Асасело“.
Вечер на „Охридско лето“ трио „Пендерецки“
Вечер на програмата на „Охридско лето“ вистинско музичко доживување за љубителите на класичната музика, звуците на пианото, виолината и виолончелото. Шестиот ден од програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело.
Спектакуларен старт на годинешното „Охридско лето“
Со незаборавен концерт на светската виолинистка Ванеса Меј , синоќа во преполниот Антички театар во Охрид беше свечено отворено 59 то издание на фестивалот Охридско лето.
ДЕНЕСКА И ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА, ЦЕЛАТА ДРЖАВА ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕНА СО ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА (АЛЕРТНА) ФАЗА
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.
УНЕСКО се смилува: имаме рок до февруари 2020
Охрид нема да биде прогласен светско културно и природно наследство во опасност, имаме рок до февруари 2020,да ги исполниме препораките дадени во 2017 од рњактивната комисија.
Се спушта завесата на педесет и осмиот балкански фестивал на народни песни и игри
Во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”, од 5 -ти до 8 -ми јули, се одржа Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА
Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина.