Нов успех на Т.К. „Хва ранг Фист“
Викендов во Скопје,а во организација на Теквондо клубот Илинден и Македонската Теквондо Федерација,во соработка со АМС и МОК ,се одржа 2-от по ред Теквондо Турнир ИЛИНДЕН ОПЕН 2017.
Македонија центар на кајакарскиот свет
Оваа година Македонија, Градот Скопје и Кајакарската федерација на Македонија беа домаќини на Европското првенство во кајакна диви води во спринт и класика за сениори. На Европското првенство учевствуваа 18 европски држави, 170 натреварувачи и околу 100 спортски работници и делегати.
Литургија по повод празникот Св. Атанасиј Велики
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај 2017 година (понеделник), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
ДЗС: Намалување на бројот на туристи и ноќевања во месец март
Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3.5%, а исто така и бројот на ноќевањата бележи намалување за 3.2%. Така според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2017 година изнесува
43 033, а бројот на ноќевањата изнесува 91 532.
ДИК се спрема за избори
Државната изборна комисија на веб-страницата упати апел до граѓаните да направат увид на податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
Талат Џафери се сретна со 16 амбасадори на земјите членки на ЕУ
Собраниската служба за односи со јавност најави дека Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се сретне со 16 амбасадори и нивни претставници во Собранието.
Уште еднаш ни „побегна“ финалето на Евросонгот
Претставничката на Македонија на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија Јана Бурческа настапуваше синоќа во Киев на втората полуфинална вечер, но не успеа да избори настап и на финалната вечер, која ќе се одржи утревечер.
Плодна година за такси превозниците
Македонските таксисти во 2016 година превезле вкупно 27.621.000 патници, од кои 23.761.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се транспортирани 3.860.000 патници, информираат од Државниот завод за статистика.