Убиена докторка во кругот на Клинички центар
Педесет и тригодишна докторка синоќа била пронајдена мртва, во кругот на Клиничкиот центар, а на телото имала бројни повреди од нож, односно имала убодна рана во пределот на вратот, исечени вени и повреди во пределот на рацете, пренесува „Фокус“.
FBI остана без директор
Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на Федералното истражно биро Џејмс Коми, човекот кој ја водеше агенцијата што ги истражува врските на неговиот изборен штаб со Русија.
Џафери отпечатен како претседател
Доцна синоќа печатницата „Графички центар“ го отпечати новиот број на „Службен весник на РМ“, а во него и одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пренесува порталот „Фактор“.
Бројни награди на учениците од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ на државните натпревари
Учениците од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од 36. Државен натпревар на средните технички училишта од електротехничката, машинската и сообраќајната струка во Република Македонија, кој оваа година се одржа на 05.05.2017 год. во средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани.
Мартина Петровска, нов државен првак во гаѓање со воздушна пушка
Нов Државен првак на Македонија во гаѓање со воздушна пушка е нашата јуниорка Мартина Петровска која со резултат од 402,5 круга ја забетонира својата прва позција во категорија на јуниорки, како и на Куповите, така и на ова Државно првенство, а со тоа си обезбеди сигурно место во ререзентацијата.
Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го одбележи 8 мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод ќе биде промовирана и поштенска марка, а во рамки на одбележувањето ќе бидат организирани и серија други настани во сите 34 општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје.
Макрон, нов претседател на Франција
Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон синоќа им се обрати на своите приврзаници пред музејот Лувр во Париз со звуците на химната на Европа.
„БИДИ ХЕРОЈ, УКАЖИ ПРВА ПОМОШ”
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиШте, на работно место, на игралиШте, во природа и каде ли уШте не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помоШ значи спасување човечки живот.