Skip to main content

Апр 28, 2017

На ден 27.04.2017 год. во рамките на училишните спортски лиги за основни и средни училишта ,сојузот за училишен спорт Охрид под  покровителство на локалната самоуправа Охрид се организира плеј –оф и плеј –аут фазите  од лигата  футсал во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во која  зедоа учество ученивите од VI и VII одделение во машка конкуренција.


Апр 27, 2017

Во сабота ќе излезе последното издание на „Утриснски весник“, такви се очекувањата на дел од вработените во медиумот. Официјална потврда од менаџментот, иако новинарите побарале, сепак, не добиле, пренесува „24Вести“.


Апр 26, 2017

Европската премиера на „Дениција“, вокопродукција помеѓу Народниот театар од Охрид и парискиот театар „Иси е ла“, работена според истоимената поема навеликанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, во режија наКонстантин Плевнеш, доживеа успех на изведбата во едно од најстарите кабареа во Брисел – „Ос а Моел“.


Апр 25, 2017

Елег  Штрауб  и Андрас Балог  ќе платат парични казни од 250,000 (Штрауб), односно 150,000 долари (Балог) и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, а пренесува НОВА ТВ.


Апр 24, 2017

Петар Маркоски со нова преработка, овојпат на познатата песна на младиот изведувач Shawn Mendes – Treat You Better, песна која за многу кратко време достигна над 1 милијарда прегледи на YouTube.


Апр 24, 2017

Студеното време со ниски утрински температури под нулата што ја зафати Македонија може да предизвика големи штети кај земјоделските култури, особено кај лозовите насади, овошките и оревот.


Апр 24, 2017

Конечните резултати од вчерашните претседателски избори во Франција покажуваат дека центристот Емануел Макрон и крајната десничарка Мерин Ле Пен ќе се тркаат во вториот круг што ќе се одржи на 7 мај.


Апр 21, 2017

Еден полицаец е убиен, а друг повреден во напад во центарот на Париз, соопшти полицијата. Нападот се случил на „Елисејските полиња“, најпознатата улица во центарот на градот, а полицијата вели дека веројатно се работи за „терористички чин“. Полицијата соопшти дека возвратиле на нападот, при што е убиен еден напаѓач. Безбедносните власти ги предупредија луѓето да ја избегнуваат таа област во главниот град на Франција.