Skip to main content

Мар 23, 2017

Викендов кој доаѓа започнува летното сметање на времето, односно на 25 кон 26 март кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро


Мар 22, 2017

Во организација на Сојузот за училиштен спорт-Охрид под покровителство на Локалната самоуправа-Охрид започна лигата во Пинг-понг за основните училишта во Охрид.


Мар 22, 2017

Празникот на пролетта 22 март, младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата Православна црква го празнува споменот на 40 војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.


Мар 21, 2017

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе раговара со лидерите на политичките партии за надминување на кризата во Македонија.


Мар 21, 2017

„Во Македонија сѐ уште преовладуваат предрасудите за луѓето што имаат Даунов синдром, па токму затоа се доведуваат во прашање и нивните основни човекови права. Мора да дејствува во  насока оваа реалност да се промени, да се направат низа реформи во институциите кои понатаму ќе овозможуваат непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество“, посочуваат од Центарот за Даунов синдром.


Мар 21, 2017

Охридските БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ повторно најдобри на V-от Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар што се одржа на 19 март (недела) во Скопје.


Мар 21, 2017

Новата малопродажна цена на бензинот според Регулаторната комисија за енергетика од синоќа на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 65 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 67 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е В) ќе се продава за 52, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40,5 денари за литар.


Мар 20, 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година.