Skip to main content
Авг 19, 2023
Охридско лето
Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Татарчевски по повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Македонија.

нора
Авг 18, 2023
Фестивал Охридско лето
Феминистичката претстава „Нора” во изведба на Љубљански театар на репертоарот на најпрестижната фестивалска манифестација во земјава Охридско лето. Овој пат во  режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ.

Мимоза Ќека
Авг 16, 2023
Фестивал Охридско лето
Во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот, ќе изведе дела од Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист.

Tavadros koncert
Авг 15, 2023
Фестивал Охридско лето
Виртуоз во вистинска смисла на зборот, не само според неговите технички можности туку и со неговата разновидност и чувствителност, Тавадрос настапува во концертните сали ширум светот поместувајќи ги границите на музичката изведба.

Промоција Од архивите на друштвото Григор Прличев Сиднеј
Авг 15, 2023
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски.

Декамерон
Авг 14, 2023
Фестивал Охридско лето
Претставата „Декамерон“ од Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на „Војдан Чернодрински“ силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин.

Трио Аура
Авг 13, 2023
Фестивал Охридско лето
Овој реномиран камерен состав  го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Авг 12, 2023
Фестивал Охридско лето
Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов.