Пак погрешен парфем?!
Секој парфем го менува мирисот во текот на денот бидејќи истиот настанува со мешање на состојки групирани во три слоја кои на секоја кожа дејствуваат различно.
Горните мирисни ноти испаруваат најбрзо, па затоа веднаш може да ги почувствувате. Најчесто станува збор за освежителни цитрусни ароми. Средните ноти вообичаено се светни состојки кои подолго се задржуваат и се развиваат активирајќи ги базните мирисни ноти на парфемот. Третиот слој е најтраен и потекнува од посилни мириси на дрво и силни зачини. Затоа пред да купите парфем нанесете го на кожата и направете тест период од еден ден за да видите како истиот реагира на вашата кожа.
Еве и практично објаснување. Во топ 10 листите на Најпопуларни парфеми за лето 2011 најдобро котира Armani Code Summer. Еве ги слоевите на мирисни ноти кај женскиот и машкиот парфем соодветно:
Armani Code Summer Pour Femme 2011-Giorgio Armani for women
Горни мирисни ноти: нероли, горчлив портокал и круша . Срце на парфемот (средни ноти): Sambac јасмин, цвет на портокал, ѓумбир и циклама. Основа на парфемот(трет слој кој најдолго трае): ванила, мошус и дрвенести ноти.
Armani Code Summer Pour Homme 2011 Giorgio-Armani for men
Горни мирисни ноти: бергамот, лимон, грејпфрут, neroli и морски ноти. Срце на парфемот (средни ноти): маслинов лист, роза, тарос и кедар. Основа на парфемот(трет слој кој најдолго трае):шумски ноти,амбер,мошус.
Летните парфеми треба да не содржат алкохол, тие се лесни и свежи и брзо испаруваат па затоа треба да се чуваат на темно и ладно место. Кога нанесувате парфем не го тријте на кожата, најдобро е да прснете пред вас и да поминете низ облакот од парфем. И не претерувајте, целта е да ги занесете луѓето околу вас а не да ги зашеметите.
{loadposition content9}