Skip to main content

„Парче душа“ за охриѓани

Во четврток на 12-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведен поетскиот проект „Парче душа“ од Љупчо Тодоровски-Упа, во музичка придружба на Фредерик Деларуа.

upa

todoroskiВо четврток на 12-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведен поетскиот проект „Парче душа“ од Љупчо Тодоровски-Упа, во музичка придружба на Фредерик Деларуа.

-„Парче душа“ со години се изведува ширум Македонија и насекаде предизвикува возбуда, но и по некоја солза. Наменет е за средните училишта и има интерактивен пристап со публиката. Смислен е така да биде и интересен и корисен. На едноставен начин и со показ, практично ги совладува тешките методските единици поезија и стилски фигури и ги анализира песните од сите години, се вели во најавата за проектот.

Почетокот на поетската изведба е во 11:45, а влезниците чинат 50 денари и може да сенабават на благајна на Центарот за култура.