Парфем од парфемите!
Двајца холандски уметници ги земале сите можни парфеми кои излегле минатата година и ги измешале во огромно шише од литро и пол. Мирисот наводно потсетувал на Шанел бр.5.
Двајца холандски уметници ги земале сите можни парфеми кои излегле минатата година и ги измешале во огромно шише од литро и пол. Мирисот наводно потсетувал на Шанел бр.5.
Инспирирани од бизнисот со парфеми (кој цути како никогаш досега), холандските уметници Ленерт и Сандер преку целата година собирале примероци од сите парфеми (вкупно 1.400) и ги измешале во шише од 1,5 литри.
Во интервју за Huffington Post, двата уметника објасниле дека парфемот кој тие го нарекле „Everything“ мириса на првиот бран на мирис што ги облева оние што влегуваат во просечна парфимерија.
„Еден наш пријател рече дека го потсетувал на Шанел бр.5. Ние не мислиме така, но мило ни е што оваа мешавина некого го потсетува на најкултниот парфем на светот“, изјавиле тие.
{loadposition content9}