Skip to main content

„Парите се отепувачка“ повторно на сцената на Народен театар Охрид на 3 октомври

Љубителите на македонската битова драма во сабота ќе имаат можност повторно да ја проследат „Парите се отепувачка“ , дело на еден од најзначајните македонски драмски автори, Ристо Крле.
 |  инфодеск  | 

Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле ќе биде изведена во сабота, 3 октомври, на сцената на Народен театар Охрид. Претставата започнува во 20:00 часот, а цената на билетот изнесува 300 денари.

Адаптацијата и режијата се на Андреј Цветановски, сцената, костимите и видео-дизајнот се на Сергеј Светозарев, додека музиката е на Димитар Андоновски.

Во претставата настапуваат:

  • Митре – Стрезо Стаматовски
  • Анѓеле – Филип Кипровски
  • Мара – Марија Новак
  • Ката – Адријана Билаловиќ-Тодороска
  • Софре – Никола Тодороски

Инспициент е Филип Ангеличин-Жура, за тон и видео-проекции е задолжен Никола Јосифоски, а светлото го реализира Борис Велјаноски.

За гардеробата се задолжени Деса Лазороска и Линдита Мерко, реквизитата ја подготвуваат Соња Крстаноска и Маријана Николоска, додека како сценски декоратери се потпишуваат Ѓоко Китоски, Горан Георгиески, Јане Велјаноски и Кире Ангелоски.

Билетите се достапни во билетарата на Народен театар Охрид. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, а на денот на изведбата од 13:00 до 20:00 часот.