Парите се отепувачка во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
“ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА” од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во петок (13.03.2026 година), почеток 20.00 часот.
Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во неповторливиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“ Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со емоции.
Адаптација и режија : Андреј Цветановски
Сцена, костими и видео дизајн: Сергеј Светозарев
Музика: Димитар Андоновски.
Играат:
МИТРЕ – Стрезо Стаматовски
АНЃЕЛЕ – Филип Кипровски
МАРА – Марија Новак
КАТА – Адријана Билаловиќ – Тодороска
СОФРЕ – Никола Тодороски
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура
Тон и видео проекции: Никола Јосифоски
Светло: Борис Велјаноски
Гардероба: Деса Лазороска, Линдита Мерко
Реквизита: Соња Крстаноска, Маријана Николоска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Горан Георгиески, Јане Велјаноски, Кире Ангелоски.
Карти во продажба на билетара, цената на карта е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.